Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Иранскиот шеф на дипломатијата го пофали германскиот претседател: „Многумина молчат, но тој ги осуди нападите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го пофали германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер за неговата отворена осуда на американско-израелските напади врз Иран.

— реклама —

Арагчи на социјалната мрежа Икс истакна дека Штајнмајер ги опишал нападите како „агресија и кршење на меѓународното право“, додека, како што наведе, многу светски лидери молчат или остануваат неактивни, пренесе иранската државна телевизија „Прес ТВ“.

— реклама —
— реклама —

Германскиот претседател претходно изјави дека војната на САД и Израел против Иран претставува кршење на меѓународното право и изрази сомнеж во тврдењата за „непосредна закана“ што биле користени како оправдување за нападите.

— реклама —

Иранскиот министер посочи на, како што рече, двојните стандарди на Западот, додавајќи дека меѓународното право „во пракса е мртво“, но упати пофалба до Штајнмајер за осудата на, како што ги нарече, прекршувањата врз Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања