Килограм лимон за 75 денари, а зелка, компири и кромид бесплатно за оние не можат да си дозволат да купат. Со оваа понуда Ирфан Јетиши деновиве ги пречекува своите муштерии во скопски Чаир, пишува Радио МОФ.
Наспроти општото покачување на цените кое започна по прогласувањето вонредна состојба поради појавата Ковид-19 во земјата, Јетиши реши да започне своја акција така што најнеопходните зеленчуци и овошја ќе ги продава значително поевтино.
Јас верувам дека секоја помош којашто ќе им ја понудиме на нашите луѓе, ќе ни се врати двојно“, вели тој.
За неговиот хуман потег се расчу и на социјалните мрежи, добивајќи бројни позитивни коментари.
„Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваат за да помогнам на моето општество и со моите можности од позиција на продавач“, вели тој.
Јетиши упати апел до сите кои имаат можност да помогнат, да го направат тоа за како што вели „заеднички да ја надминеме оваа ситуација“.
фото: ФБ