„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

IRL: Пандемски профитерски поход: Здравје за богатите, смрт и трауми за сиромашните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona6

Ковид 19 ги покажа ефектите во државното здравство од децениски лошите политики. Но, ги покажува и последиците од влијанието на круговите на малкумина моќници врз менаџирањето на Фондот за здравство. Во последните две децении се одлеаја стотици милиони евра на сметка на приватните интереси. Сега системот е пред нов предизвик, но и притисок: Круговите на моќ насетија дека државното здравство е на работ на немоќта. Како и во првиот бран, така и во овој видоа шанса за профит во време на пандемија. Овој пат, цената е многу повисока, a парите се клучни во опстанокот, објави irl.mk. 

— реклама —

Заработките од скапите приватни тестови се вртоглави. Се нудат пакети за постковидни проверки како рентген и лаборатории, додека граѓаните мачат мака да добијат навремена дијагноза и да закажат термини. Се нуди ексклузивна и скапа нега за ковид болните кои се во критична состојба и мораат да бидат хоспитализирани, а не успеале да добијат болнички кревет во државното здравство. Во рекламите на приватните болници, се води цела аниткампања против државното здравство. Се прикажуваат среќни и задоволни пациенти кои што не штедат лоши и веројатно заслужени зборови за нивниот престој во некоја од приватните болници.

Но, една третина од вработените во земјава треба да ја потрошат цела своја плата само за основната терапија и еден контролен тест доколку се Ковид позитивни. Државните тестирања потешко се закажуваат и резултатите доцна се добиваат.

— реклама —

Масовното тестирање, иако се вбројува меѓу дел од успешните методи за контрола на заболени и спречување на нови случаи е скап модел кој не секоја држава може да си го дозволи за сите свои граѓани. Втората опција е приватен тест којшто во просек чини од 2.000 до 4.000 денари. Кај ранливите граѓани или оние со послаб имунитет, навремениот тест буквално значи живот. Но, за скромниот домашен буџет овој трошок е голем.

Итните случаи во приватна болница не ги примаат без брз тест од 12,000 денари

Податоците кои ги обработи ИРЛ покажуваат дека многу брзо расте бројот на новозаболени од Ковид 19, додека бројот на оздравени не се зголемува доволно брзо за да се ослободат доволно кревети за новите пациенти кои треба да бидат хоспитализирани. Бројот на мртви во сегашниот бран во споредба со првиот пролетен бран кога имаше построги мерки е до пет пати повисок.

Текстот во целост на:  irl.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања