„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ИРЛ: Русковска не најде криминал во работењето на директорот на МРТВ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
marjan-cvetkovski

Директорот на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски, нема да биде кривично гонет за злоупотреба на службената положба, дознава ИРЛ. Обвинителството за борба со организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава од Управата за финансиска полиција со образложение дека Цветковски не сторил кривично дело и работел законски. Кривичната пријава Финансиската полиција ја поднесе на 21 јуни, а решението за отфрлање како неоснована е донесено на 9 август.

— реклама —

Директорот Арафат Муареми тогаш на прес конференција информираше дека директорот на националниот сервис МРТВ, Марјан Цветковски, е осомничен дека го заложил целокупниот имот на претпријатието за да подигне кредит од Комерцијална банка. Одлуката ја донел без да го консултира со Собранието кое е основач и сопственик на јавниот сервис. Истрагата на Финансиската полиција утврдила дека заложениот имот е двојно поголем од кредитот, а дел од парите 500.000 евра, МРТВ веднаш ги уплатила на банката која го откупила нејзиниот долг кон БЕГ. Кривична пријава беше поднесена и против нотарот кој го заверил договорот за кредит, објави ИРЛ.МК

Образложението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска е дека по спроведената предистражна постапка не утврдиле дека Цветковски му нанел штета на државниот буџет.

— реклама —

„Од прибавениот доказен материјал, надлежниот јавен обвинител утврди дека во секое од преземените дејствија од страна на првопријавениот постои законска оправданост, со што се оправдуваат и постапувањата на второпријавеното лице. При увидот во Изводите за промените и состојбата на банковна сметка, барањата за исплата на првопријавеното лице и аналитичките картички на јавното дифузно претпријатие, како и Известувањето на банката од која е одобрен и подигнат кредитот, јасно се гледа дека кредитот е предвремено целосно исплатен од страна на јавното радиодифузно претпријатие и согласно донесените одлуки и склучениот Договор за долгорочен кредит е наменски  искористен. По целосната исплата банката издала Изјава за бришење на заложното право“, ни одговорија од Јавното обвинителство.

Текстот во целот на: ИРЛ.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања