Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ИРЛ: Скопје-Прага-Шутка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mijalkov-sud

Со растреперен глас долгогодишниот судија, Владимир Туфегџиќ, ја читаше пресудата за Сашо Мијалков во случајот „Тврдина– Таргет“.

— реклама —

„Ми се одзема гласот. Не знам што ми се случи. Јас не сум тремаџија, меѓутоа ми се одзема гласот. Водичка добро што имаше“, и’ рече судијата Туфегџиќ на неговата колешка Џанета Бегтовиќ кога мислеше дека микрофоните се исклучија.

Судиите Џанета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ ја донесоа пресудата за најголемиот судски случај од независноста на државата во кој жртви на системот беа над 20.000 незаконски прислушувани граѓани во период од седум годни. Осудени се 12 луѓе кои добија 55 години затворски казни и 5 условни осуди, објави admin.irl.mk. 

— реклама —

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, е осуден на затворска казна од 12 години затвор. Во Кривичниот суд беше донесен од домашен притвор со полициско комбе, но на рацете немаше лисици, туку папка со документи. Во судницата најбројни беа новинарските екипи, а во делот за јавност седна постариот син Јордан Мијалков.

И тој можеше да ги слушне пораките кои на крајот на судењето ги прочита судијката Бегтовиќ упатени до осудените, до актуелните функционери, но и до граѓаните.

„Обвинетите кои биле високи функционери на власта, покажале став дека функционерите се над законот. Кога таков функционер со такви овластувања го прекршува законот, тоа ги урива темелите на правната држава. Тие целосно ја уништиле довербата на јавноста во институциите и власта, создавајќи слика за себе како недопирливи. Граѓаните кои биле предмет на прислушување се обесправени и изгубија секаква доверба во функционирање на иснтитуциите. Со самата судска завршница на овој предмет судот потврдува дека актерите се казнети за се она што го направиле. Нема недопирливи. Сите граѓани во оваа држава се еднакви пред законот“, рече судијката Бегтовиќ.

Началникот – под ова име стана познат меѓу граѓаните по објавувањето на прислушуваните разговори. Митот за ладнокрвен кој го изгради додека беше шеф на тајната полиција, уште повеќе го надгради додека неговиот глас се слушаше во т.н. „бомби“. Го задржа имиџот и денеска додека ја слушна висината на казната и не покажа никаква емотивна реакција.

На крајот на судскиот процес, единствено судијата Туфегџиќ почуствува потреба да им се обрати на присутните и да им објасни дека трепетот во гласот бил поради заштитната маска и сувиот воздух.

Текстот во целост на:  admin.irl.mk. 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања