По речиси четири години од сообраќајната несреќа, денеска во Кривичниот суд во Скопје е изречена пресуда за возачот кој го усмрти 13 годишниот Давид Анѓеловски. Судијката Софија Лаличиќ ја прогласи за виновна Маја Лукаревска и ја осуди на затворска казна од 3 години затвор.
Сообраќајната несреќа се случи на булеварот „Илинденска“ кај фонтата во Градскиот парк на 18 септември 2015 година. Тоа попладне семафорите на булеварот не работеле, а Давид со својот велосипед поминувал на пешачкиот премин. Лукаревска била во возило „Пунто“, сопственост на Агенцијата за храна и ветеринарство. Ударот за Давид бил кобен и тој починал неколку минути подоцна во болница.[embed]
повеќе на irl.mk