Вршителот на должност, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој и потпретседател на СДСМ, Коста Петров, последните два месеца снима промотивни видео интервјуа со млади иноватори, кои потоа ги споделува на социјалните мрежи, објави irl.mk.
Во текот на декември 2020 година и во јануари годинава, директорот Петров има снимено три интервјуа, од кои две со млади иноватори што добиле финансиска поддршка од Фондот за иновации, а во едно интервју разговара со познат иноватор, кој досега не бил корисник на таква поддршка.
Интервјуата се снимаат во лежерна атмосфера, во позадина стои банерот на Фондот за иновации, а Петров на соговорниците им се обраќа во прво лице.
„Се сеќавам дека се запознавме пред пет години и со кој ентузијазам ми зборуваше за идејата за Бреинстер. Во кој момент си кажа себе си, ок, доста беше од ова што сега го работам, сега сакам да започнам нешто свое, нешто ново“, го прашува Коста Петров својот соговорник.
Текстот во целост на: irl.mk.