Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Иселеници први на помош за семејството Мирчовски, чија куќа изгоре вчера

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mircevski-387kpbgd9oi74u9rsxg5c0

Иселеници од Швајцарија и Германија први се вклучија во акцијата за собирање помош, откако вчера рано утрото им изгоре куќата на 12-членото семејство Мирчовски од село Русиново.

— реклама —

Меѓу првите кој се понуди за помош е Ване Воденски, татко на познатиот кик-боксер Кристијан Воденски, кои повеќе од 30 години живеат во Германија.

Хуманитарните организации веќе се организираат за помош на малолетните четири дечиња кои синоќа заедно со родителите ноќта ја поминаа кај роднини и соседи.

— реклама —

Градежна механизација составена од вработени во јавното претпријатие „Услуга" од Берово активно се вклучија во акцијата за расчистување на остатоците од куќата што целосно изгоре во пожарот, а расчистувањето, како што соопштија, ќе продолжи и денеска.

Беровчани од денеска, своите донации можат да ги достават и во донаторски кутии во „Пакет Маркет" во Берово, што вчера донираа прехранбени продукти и алишта за несреќното семејство. Сите останати кои имаат желба да помогнат тоа можат да го сторат на трансакциска сметка на име Александар Мирчовски со број на сметка 200002693474846. Акцијата за помош на дванаесетчленото семејството продолжува и понатаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања