Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Исклучени од сообраќај 18 лица без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
policija

Во текот на изминатиот ден (15.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди во кои шест лица се здобиле со лесни телесни повреди.

— реклама —

Од преземени мерки по однос на почитувањето на сообраќајните правила и прописи констатирано е дека 30 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени и 21 возачи од кои што 18 управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца управувале возило под дејство на алкохол и еден бил возач почетник.

— реклама —

Покрај ова, четворица возачи се санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување.

— реклама —

Исто така санкционирани се и тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и деветмина - поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Наедно, од сообраќај беа исклучени и девет возила бидејќи биле нерегистрирани.

— реклама —

Во однос на пешаците, санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози а 60 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања