Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Исклучените од парно повеќе нема да плаќаат надоместок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Крај на агонијата за голем број граѓани: со новите предлог-правила за снабдување со топлинска енергија се брише одредбата со која исклучените од парно греење со години плаќаа фиксен надоместок, објави Дојче веле.

— реклама —

Како што дознава Дојче веле ова е предвидено во новите предлог-правила за снабдување со топлинска енергија, за кои денеска треба да се дискутира на подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новите Правила за снабдување со топлинска енергија се укинува одредбата во членот 52, став 2, од старите Правила за снабдување со топлинска енергија, според која „исклучените потрошувачи се задолжуваат со плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија“.

Со новите Правила овој став комплетно се брише, а се воведува постапка на кој начин во иднина би можеле да се исклучуваат потрошувачите од системот за топлинска енергија. Владата уште во декември 2017 година вети дека домаќинствата во Скопје кои се исклучени од централното греење во 2018 година ќе бидат ослободени од плаќање, но тоа не се реализираше. Во меѓувреме се чекаше регулаторите од РКЕ да ја добијат Студијата од МАНУ, која во изминатиот период правеше анализи какво е влијанието на исклучените врз системот за парно греење.

— реклама —

Текстот во целост на Дојче веле.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања