Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Исклучиле пациент од апарати со согласност на погрешно семејство, a “мртвиот“ дошол на семеен собир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
krevet-bolnica

Во болницата „Mercy“ во Чикаго лекарите од апаратите за одржување во живот исклучиле пациент откако согласност за тоа дало погрешно семејство, пренесува во понеделникот BBC.

— реклама —

Маж бил пренесен во болницата „Mercy“ во април годинава откако бил пронајден под автомобил во несвесна состојба, потполно гол со тешки повреди на лицето поради што тоа било потполно непрепознатливо.

— реклама —

Меѓутоа, полицијата успеала да го идентификува како Алфонсо Бенет, а во мај болничкиот персонал го повикал „неговото“ семејство. По разговорите со семејството, болничарите го исклучиле од апаратите и пациентот починал.

И сето тоа би било во согласност со процедурата, доколку еден ден вистинскиот Алфонсо Бенет не се појавил на семеен собир. Се покажало дека Алфонсо извесно време бил отсутен и дека едноставно не им се јавувал на роднините. Членовите на семејството во меѓувреме се организирале за закопот за Алфонсо кого, како што верувале, го исклучиле од апарати.

— реклама —

Дури по инцидентот полицијата земала отпечатоци од прстите на починатото лице и утврдиле дека станува збор за 63-годишниот Елша Бритман, по што го повикале неговото вистинско семејство.

— реклама —

Сега и двете семејства ги тужат болницата и градот Чикаго поради негрижа и претрпена болка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања