Промени тема
Контакт

Ископувале песок од река кај Доброшинци, немале соодветна документација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp
Скопје1.мк

Полицијата затекнала ископ на песок од речно корито во струмичко село, при што било утврдено дека товарно возило било натоварено со околу девет кубни метри песок без приложена соодветна документација.

— реклама —

Од МВР информираат дека на 17 септември 2026 година, постапувајќи по претходна пријава за ископ на песок во река во село Доброшинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица, по овластување на јавен обвинител, излегле на местото.

— реклама —

Таму биле затекнати товарно возило и работна машина – копач, сопственост на правно лице-сепарација од село Сачево, струмичко. Во моментот на контролата, двајца вработени вршеле ископ.

За случајот бил известен Државниот инспектор за животна средина, а по насока на јавниот обвинител бил ангажиран и геодет. Тој констатирал дека се врши ископ, како и дека товарното возило било натоварено со околу девет кубни метри песок.

— реклама —

Од правното лице, според МВР, не била приложена соодветна документација за ископот, како барање, договор, елаборат и друга документација.

— реклама —

Полицијата продолжува со расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhoec7j516hjl12gZgqO

„Прелетал“ на автопатот Скопје-Свети Николе: возачите знаат кај се „Сејф сити“, ама не и каде се полицајците со радари

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryoj2260cusfgs5QkAM2n

14 возачи приведени за безобѕирно управување, еден возел со 178 км/ч на автопат

Македонија | пред 12 часа

velosipedi

Уапсен 32-годишник во Скопје, се сомничи за кражба на 12 велосипеди

Македонија | пред 12 часа

media-libraryg8r4fkifn4v46H1SKm3

18-годишна девојка од Белгија исчезнала во битолско село Лавци

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања