Промени тема
Контакт

(Видео) Искршени даски, дупки и ѓубре, наместо простор за скејтери: Скејт-паркот кај Градски парк пропаѓа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarycg1r9dh2oqmlfBUFFuK

Скејт-паркот кој се наоѓа во близина на Градскиот парк, на кејот на реката Вардар, е во целосно запуштена и небезбедна состојба.

Читател ни испрати видео на кое се гледа дека просторот е демолиран – искршени се даските, на повеќе места има поголеми и помали дупки, а дел од оградата е отстранета.

— реклама —

Скејт-паркот беше изграден пред десетина години со цел да им обезбеди на скејтерите и љубителите на урбаните спортови безбеден простор за рекреација. Но, веќе подолг период наместо место за спорт и забава, тој е оставен да пропаѓа.

— реклама —

Скејтерите одамна не го користат просторот, бидејќи движењето низ него претставува сериозен ризик од повреди.

— реклама —

Од место наменето за спорт и рекреација, скејт-паркот кај Вардар денес е пример за запуштен јавен простор кој наместо да ги привлекува младите, претставува опасност за нив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања