Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Искршени реквизити, заштитни огради, откорнати подлоги на фудбалски и детски игралишта во Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Detski-igralista-2

Во текот на изминатиот период службите на Општина Центар бележат оштетени и искршени реквизити, заштитни огради на повеќе детски игралишта, откорнати подлоги и собрани зелени подлоги на фудбалски игралишта, детски игралишта испрскани со спреј кои ја нагрдуваат сликата во околината и ја спречуваат или прекинуваат детската игра.

— реклама —

Пред извесен период непознати сторители родители до општината пријавија дека на детското игралиште Славка Недиќ во Дебар Маало кај Дрвен има истурено уље. Ова детско игралиште беше целосно реконструирано пред неколку месеци и истото беше полно со деца од околните згради. Пред пет месеци целосно беше реконструирано спортско игралиште пред Кам Маркет со поставена нова вештачка трева на површина од 156м2, нова заштитна ограда и детски голови, а денеска има откорната подлога.

— реклама —

„Тажна е сликата да ги гледате детските игралишта во ваква состојба. Неколкупати досега апелирав на внимание и зачувување на детските реквизити и урбаната опрема. Некои од реконструираните игралишта не издржаа здрави ниту една недела. Тажно и срамно е ова што се прави. Детските игралишта и урбаната опрема се јавно добро за нашите најмили. Со нивно уништување покрај тоа што се ускратува правото на игра на децата се доведуваат и во опасност. За кршење и уништување на реквизитите на детските и спортски игралишта секако следуваат парични казни. Бараме поддршка од граѓаните како општина, сите кои ќе затекнат вандализирање

— реклама —

и уништување на урбаната опрема случајот да го пријават во општината.“, вели Герасимовски.

Општина Центар ги известува граѓаните дека уништувањето на урбаната опрема претставува прекршочно дело за што следуваат високи парични казни. Согласно Законот за јавна чистота, поради обезбедување на јавна чистота на јавни површини по член 114 – а забрането е уништување на урбана опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта). За уништување на урбана опрема општинската комунална инспекција изрекува прекршочни глоби во висина од 150 евра во денарска противредност за физички лица или од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за правни лица и 300 евра за одговорното лице.

Со цел да ги зачуваме детски игралишта и го заштитиме јавното добро Општина Центар ги повикува и месните и урбаните заедници да се вклучат во подигањето на свеста за зачувување на урбаната опрема, како и да се вклучат во конкретни активности кои ќе придонесат за подобрување на актуелната состојба.

/detski-igralista-7" rel="attachment wp-att-225090">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања