По вчерашните претреси во КПУ Идризово, јавноста не бара одговорност од затворениците кои поседувале така наречени недозволени предмети, туку од чуварите, управата и Управата за извршување санкции која назначува директор на затворот. За никого не е чудно што биле пронајдени телефони, а посочуваат дека за дрогата треба некој да понесе одговорност. Запленувањето на скоро 50 ножеви, во јавност се коментира: „Сигурно во кујна влегле, нема друго објаснување“.
„Полицијата извршила претрес у КАПЕДОМ Идризово. Да се смеам или да плачам е работава“, пишуваат на „Твитер“.
„Нема што нема во Идризово“, вели друг твитерџија.
„Бизнис центар Идризово“, пишува Царевата ќерка.
Други се чудат на изјавата од директорот на затворот дека не е јасно како дрогата и телефоните влегле внатре.
„Во Идризово при претрес кај затворениците за диво насеље пронајдени, оружје, дрога и (телефони мање више битно) а што очекувало мвр да пронајде енциклопедија и литература од Хомер?!“, коментираат јавно.
Има и исмејување за акцијата.
Свој коментар имаше и Црвенокосата: „'МВР го тресеше Идризово за дрога, оружје и телефони' Ехехехехехехехееее, не знам дали да се смеам или да плачам“.
Други пак, имаат свое гледиште и велат: „Сеа овие шо претресува у Идризово, истите најдени ствари, ќе им ги препродаваат на затворениците. Абеее, бизнис. Да, врти парата“.
„50 телефона и 37 ножа у Идризово а? Уше ли по 100€ од тел. зимаат чуварите, или качено е пошто е криза?“, прашува твитеџија.
„Абе во Идризово напраиле претрес изгледа во кујната, друго објаснување за сите тие ножеви немам“, коментираат на Твитер.
„Во затворот во Идризово нашле дрога, оружје.. Е не книги ќе најдат“, пишуваат твитерџиите.
И други се исмејуваат со акцијата.
Некои имаат свој осврт.
https://twitter.com/onepickright/status/1536763325492641794