Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Исповед на мајката на тепаното девојче: Ме држеше за нога и плачеше кога ја оставав сама со дефектологот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot_910

Помодрени ушиња, модринки кај косичката кои се веројатно настанати од влечење – ова е сликата од девојче кое сè уште нема наполнето три години, а кое, според кажувањата на родителите, е жртва на дефектологот кој приватно бил ангажиран за да работи со него. МВР информираше дека родител пријавил дека дефектолог кој бил ангажиран за приватни часови насилно се однесувал со тригодишно дете.

— реклама —

„Република“ стапи во контакт со родителите кои со огромна болка и тага во очите раскажуваат со што се соочиле во обид да му помогнат на сопственото дете да прозбори.

— реклама —

По препорака на пријатели ја ангажравме Емина С. да работи со нашата ќерка, која сѐ уште не зборува. Дефектологот доаѓаше кај нас дома, а по нејзино барање ние го напуштавме станот, ја остававме сама со детето, затоа што така најдобро се работело. Воопшто не очекував дека некој што работи дефектологија може да има груб однос со дете, а уште помалку да го влече за уши, да го кубе и да го тепа. Затоа и не ми падна на памет да ставам камери во домот и да следам што прават. Дефектологот повремено ми праќаше видеа од она што го работат. Сметав дека сè е во ред и покрај отпорот на ќерка ми да остане насамо со Емина, зашто реакциите на детето ги препишував на неговиот карактер, дете кое води инает кога нешто не му одговара – раскажува Трајанка, мајката на девојчето.

— реклама —

Ќе ме фатеше за нога и плачејќи не ме пушташе да излезам. По последниот час, кога си отиде дефектологот, ќерка ми цела се тресеше и вриштеше. Веднаш забележав дека ушињата ѝ се жар црвени. Ѝ се јавивме на Емина да ја прашаме дали знае зошто му се црвени ушите на детето, ми рече да си провериме да не е некој здравствен проблем, раскажува Трајанка за траумите што ги доживеале сакајќи да му помогнат на детето да прозбори.

Таа и нејзиниот сопруг сѐ уште не можат да се соземат од она што се случувало со нивното девојче. Велат се трудиме да останеме смирени, иако лутината и бесот се преголеми, а плачот на беспомошното дете сè уште одѕвонува во нашите глави.

Целата приказна прочитајте ја тука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања