Момчето кое управуваше со вртелешката во забавниот парк во Пефкохори, каде минатата недела загина млад човек (19), тврди дека по несреќата газдата му наредил да побегне, велејќи дека посетителите ќе го линчуваат.
Кобната несреќа која се случи на 19 август ја остави Грција во црно. Младиот Јани дошол со мајка си и браќата во забавниот парк да се забавува, но кога тој и неговиот брат биле на вртелешката, седиштето се скршило и Јани излетал од машината, паднал на бетонот и останал мртов на место.
Во драмата што следела, момчето кое управувало со рингишпилот „лудиот танц“ побегнал од местото на несреќата, а на полицијата и се предал дури следниот ден, откако слушнал дека го уапсиле неговиот газда, сопственик на забавниот парк.
"Во шок сум. Многу ми е тешко. Сочувство до семејството на загинатиот дечко. Се исплашив, бидејќи прв пат гледам такво нешто во животот. Жалам за тоа. Тоа детето неправедно умре, но повторно не сум јас виновен, им изразувам сочувство на родителите“, рече младиот човек (21) кој управуваше со рингишпилот.
Тој тврди дека во моментот на трагедијата не бил под дејство на алкохол.
„Само заработував леб за да го нахранам детето. Тој рингишпил имаше неколку сини и жолти столчиња, но само розевите беа добри, а момчето седеше на сината столица. Шефот ми рече да ги префрлам луѓето само на розовите столчиња. Така што ги мрднав децата. "
Вели дека после тоа се било хистерично.
- Бев во шок, ми рекоа да си одам дома, да не ме види никој, отидов дома, и ми рекоа да ги спакувам работите, да ме однесат во Кукуш каде ќе бидам два дена“, тврди операторот.
Посочува и дека не знаел во каква состојба се машините во забавниот парк.
„Да знаев, немаше да ги оставам да седнат на вртелешката, ништо не знаев“, рекол младиот човек.
Да потсетиме Јани беше убиен на 19 август во вечерните часови. Со него на вртелешката бил и помалиот брат (16), додека другиот брат и мајка му ги гледале како се возат. Братот раскажал како изгледал страшниот момент на смртта.
„Отидовме во забавниот парк и тргнавме на возење. Седнавме на седиштата, а потоа ни рекоа да се поместиме. Отпрвин сè започна полека, а потоа се побрзо и побрзо и почуствував како се лизгаме, му кажав и на брат ми.
Потоа ги опиша драматичните сцени што следеа.
„Во секунда паднав на грб и сфатив дека брат ми не е до мене, се припивав за железната шипка, а брат ми полета од седиштето, не одлета далеку, но ме удри во глава. Се оова се случи пред очите на нашиот друг брат и мајка.
Тој рекол и дека брат му се обидел да се одржи фаќајќи му ја кошулата, но дека кошулата се скинала.