Промени тема
Контакт

Испумпани нови 2.4 милиони евра, за косење на трева и сечење на дрвја, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kosenje-treva-05

Директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ, Ејуп Рустеми, склучил договор за тендер со фирма од Кичево за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во патен појас и тоа во вредност од 2.4 милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Во исто време, кога нема пари за учебници, кога нема пари за лекови, кога народот осиромашува од рекордната инфлација, „магично“ се наоѓаат пари за косење на трева и сечење на дрвја, во износ од над 2 милиони евра, а притоа власта нема направено ни еден километар автопат во државата.

— реклама —
— реклама —

На граѓаните веќе им е јасна шемата на владата, со која преку државното претпријатие ЈПДП, поради бизнис интереси, се соголува Македонија, преку надзори од 22 милиони евра, а сега и со дополнителни 2.4 милиони евра.

— реклама —

Додека Ковачевски се фали по маркети, за замрзнати цени на производи кои чинат помалку за 2 или 1 денар, на големо е одмрзната корупцијата и криминалите на ДУИ и СДС, впрочем и затоа кога одат по маркетите, добиваат лекции од народот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања