Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Иста машина во Центар е купена по три пати пониска цена, посочува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

„ДПМНЕ пак е фатено со рацете во медот“, вели СДСМ и додава:

— реклама —

„Градоначалници на ДПМНЕ ги тресе афера со јавни набавки на машини по астрономски цени, неколкукратно повисоки од реалните.

— реклама —

Општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација, по цена од речиси 50.000 евра, односно 2.950.000 денари.

— реклама —

Иста машина е набавена и од Општина Велес по цена од околу 40.000 евра, односно 2.200.000 денари.

Иста машина, како што произлегува од документите во прилог, е купена од општина Центар по три пати пониска цена.

Општина Центар за машината платила 13.000 евра, односно точно 826.590 денари.

Разликата е огромна.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Рацете во медот е одлика за градоначалниците од ДПМНЕ и надлежните институции, Јавното обвинителство и ДКСК мора да постапат.

Одговорност за оваа шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има.

ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е партија на која не и се битни граѓаните, туку само личното богатење на одредена група луѓе“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања