Голем број на истакнати членови на Социјалдемократскиот сојуз, како и дел од основачите на СДСМ Куманово Страшко Илиевски, Младен Славковски Маџо и Миле Арсовски го поддржаа независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски“.
„Го поддржувам Максим Димитриевски затоа што покажа како се работи за сите граѓани. Тој е социјалдемократ и секогаш се бори кумановци да живеат подобро. Вечерва, со моите партиски другари му ја дадовме поддршката затоа што ја заслужува. Му посакуваме многу успех во недела“, рече Миле Арсовски.