Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Истекува азотна киселина од превртен камион во Германија, жителите добија наредба да останат дома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 53 минути -

Свет
media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM
unsplash

Голема опасност им се заканува на жителите на германскиот град Крефелд откако камион натоварен со азотна киселина се превртел во текот на ноќта на автопатот А57, а опасната материја почнала да истекува. Властите го активирале највисокиот степен на предупредување и ги повикале жителите во околината да останат во затворен простор.

— реклама —

Од противпожарната служба во Крефелд информирале дека од камионот истекува висококорозивна киселина. Возачот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во болница, објави германскиот портал „Т-Онлајн“.

— реклама —

На местото на несреќата интервенираат околу 150 припадници на итните служби, кои се обидуваат да го запрат истекувањето и да ја испумпаат киселината од камионот. Подрачјето во радиус од еден километар околу местото на несреќата е оградено.

Поради опасноста, автопатот А57 е затворен во делницата меѓу излезите Крефелд-Опум и Крефелд-Гартенштат. Затворени се и неколку градски улици, а дел од училиштата и градинките нема да работат во текот на целиот ден. Железничкиот сообраќај во регионот е делумно прекинат.

— реклама —

Највисокото ниво на опасност важи за жителите во близина на излезот Крефелд-Центар, на кои им е наредено да останат во своите домови и да не ги напуштаат зградите. За целиот град, кој има околу 230.000 жители, е издадено портокалово предупредување, а граѓаните добиваат известувања преку државната апликација НИНА.

— реклама —

Азотната киселина е една од основните хемикалии во индустријата и најчесто се користи за производство на вештачки ѓубрива и експлозиви.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evra

Пензиите во Германија од јули 2027 година би се зголемиле за 4,09 отсто

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library92a5lc3565s157JDZOG

Вознемирувачки случаи во Германија, Австрија и Унгарија: Игли и шајки пронајдени во слатките што децата ги добиле за Ноќта на вештерките

Свет | пред 1 ден

media-librarya1tjm054jcoh15ihqsD

Вештачката интелигенција ќе ја зголеми потрошувачката на струја во германските центри за податоци

Свет | пред 1 ден

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Германија подготвува ограничување на цените на бензинот и дизелот

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања