Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Истекува рокот кој УНЕСКО ни го даде во јуни, до каде е Охрид со исполнување на ветеното?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ohridski-region

Ги исполна ли Охрид препораките од Унеско, дадени на 43-тата седница на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одржана во јуни во Баку. На 27 јануари доаѓа реакативната мисија на Унеско во Охрид за да утврди дали и колку се спроведуваат нивните препораки.

— реклама —

На состанокот во Азербејџан, Охрид за влакно го избегна усвојувањето на Нацрт-резолуцијата со која Охрид ќе беше ставан на листата за загрозено наследство. На државата ѝ беше даден рок до 1 февруари 2020 година да постапи по сите претходни барања на Комитетот за светско наследство, како и со исполнување на препораките на Реактивната мониторинг-мисија од 2017 година.

Градоначалникот Георгиески е оптимист дека во јуни во Кина за кога е закажан состанокот на Комитетот за светско наследство, Охридскиот регион нема да се најде на листата на загрозени подрајча и најави дека на 17 јануари ќе се формира меѓудржавен комитет за Унеско заедно со Албанија.

— реклама —

Според првиот човек на Охрид најголем проблем  за Охрид е справувањето со депонијата Буково а не отстранувањето на бесправно изградените објекти.

Инаку Охрид за првпат откако е впишан како заштитено подрачја од УНЕСКО во 1979 година може да се најде на листата на светско културно наследство во опасност.

Фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања