Истепана медицинска сестра на КАРИЛ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
sestra

Медицинска сестра од Ургентинот центар вработена на КАРИЛ била претепана ноќесна по 2 часот, од роднина на пациент кој починал. Од ударите таа се здобила со тешки телесни повреди, а добила и закани по живот. Министерот за здравство, Венко Филипче, го осуди инцеитентот и побара од МВР полицајци да обезбедуваат дел од клиниките.

— реклама —

Директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова вели дека вакви инциденти често се случуваат. Според неа, роднините на пацинетите не смеат правдата да ја земат во свои раце. Мојосова вели дека никој не може да ја извршува својата работа ако добива закани, а влезната врата на КАРИЛ не е во функција поради насилните упади на дел од роднините на пациентите.

— реклама —

Министерот Оливер Спасовски уште ноќеска по 2 часот кога се случил инцидентот, бил запознаен со истиот. Попладнево, министрите ќе разговараат за мерките кои ќе треба да се преземат. Предлогот е да се воведе полициско обезбедување на Клиниките за гинекологија, детски болести, заедно со КАРИЛ и Ургентинот центар.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања