Промени тема
Контакт

Истите обвинители поради кои државава е најкриминална во Европа сега се со нов мандат, зошто седницата не се пренесуваше јавно, вели Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Истите обвинители кои до сега не го гонеа и не го штитеа организираниот криминал добија нов мандат, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Со истите овие обвинители и оваа власт на СДСМ и ДУИ Македонија стана најкриминална држава во Европа според сите мерења. Тоа е заслуга на истите обвинители кои денес одново добија функција.

Ова се истите обвинители кои прогледуваа низ прсти на Ден Дончев и го пуштија да избега.

— реклама —

Истите обвинители пуштаа на слобода и се откажуваа од гонење на осудени криминалци, мистериозно од затвор ослободуваа учесници во сообраќајни несреќи, не ги спроведуваа основните сомненија за злоупотреба од Зоран Заев и целиот негов тим за сите тендери во РЕК, за случајот „Рекет“, случајот „Дака“ и десетици други скандали.

— реклама —

Почитувани,

Поради истите овие обвинители нема одговорност за поделените пасоши за криминалците кои доаѓаат од целиот свет.

— реклама —

Првиот човек за гонење на организираниот криминал Рускоска треба да одговори зошто изборот на јавни обвинители не беше пренесуван јавно и зошто целиот процес не беше транспарентен? Дали и што сакаа да сокријат со изборот на ваквите обвинители“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања