Промени тема
Контакт

Истите обвинители поради кои државава е најкриминална во Европа сега се со нов мандат, зошто седницата не се пренесуваше јавно, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
apelacija-za-obvinitelstvo-z-aorganiziran-kriminal

Истите обвинители кои до сега не гонеа и штитеа организиран криминал, ќе треба да гонат криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со истите овие обвинители и оваа власт на СДСМ и ДУИ државава стана најкриминална во Европа според сите мерења. Тоа е заслуга на истите обвинители кои денес одново добија функција.

— реклама —

Ова се истите обвинители кои прогледуваа низ присти на Ден Дончев и го пуштија да избега откако претходно го виде цела јавност како зема мито.

Истите обвинители пуштаа на слобода и се откажуваа од гонење на осудени криминалци, мистериозно од затвор ослободуваа учесници во сообраајни несреќи, не го ни чепнаа Зоран Заев и целиот негов клан за сите тендери во РЕК, Рекети, случајот Дака и десетици други скандали.

— реклама —

Поради истите овие обвинители не му фали влакно на Оливер Спасовски кој делеше пасоши на криминалци и мафијаши кои доаѓаат од целиот свет, бандите и наркокартелите од Грчец се посилни од државата благодарение на истите овие обвинители.

— реклама —

И Рускоска да одговори зошто изборот на јавни обвинители не беше пренесуван јавно и целиот процес не беше транспарентен? Што сакаа да сокријат со изборот на ваквите обвинители“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања