Промени тема
Контакт

Историски пласман и рекордна заработка: БиХ го продолжува сонот на Светското првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
media-library03fsk56j47tefKsa1Ip
screenshot Youtube

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина продолжува да испишува историја на Светското првенство, обезбедувајќи не само историски пласман во нокаут-фазата, туку и значителна финансиска добивка за националниот сојуз.

Самото учество на Мундијалот на Фудбалскиот сојуз на БиХ му донесе девет милиони долари, а со обезбедениот пласман во елиминациската фаза во касата ќе се слеат дополнителни два милиона долари.

Новата финансиска награда беше обезбедена по победата од 3:1 против Катар во Сиетл, резултат кој им овозможи на „змејовите“ да го продолжат настапот на шампионатот.

— реклама —

Во првото коло од нокаут-фазата, избраниците на селекторот Сергеј Барбарез речиси сигурно ќе се соочат со домаќинот Соединетите Американски Држави, што ќе претставува голем предизвик, но и можност за нов историски резултат.

Доколку БиХ избори пласман во четвртфиналето, ќе инкасира уште три милиони евра.

Босанската репрезентација групната фаза ја заврши со четири освоени бодови, остварувајќи победа над Катар, реми со Канада и пораз од Швајцарија.

— реклама —

Вкупниот награден фонд на ФИФА за Светското првенство изнесува околу 766 милиони евра, од кои 590 милиони се наменети за награди врз основа на пласманот, додека 176 милиони евра ќе бидат распределени меѓу сите репрезентации учеснички.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2217ddbj3gsgdFWRX8S

Претседателот на ФИФА испрати честитка до Аргентина по финалето

Трендови | пред 1 месец

media-librarypimm8j45199j27PEgOd

(Видео) Голманот на Шпанија го игнорираше Доналд Трамп на церемонијата на доделувањето на трофејот

Спорт | пред 1 месец

media-library01g984pmv6797oWzhqC

(Видео) Меси во солзи по поразот на Аргентина во финалето

Вирално | пред 1 месец

media-library04u2e57clr5gcryQDZv

(Видео) Го изгуби финалето, па ја изгуби и контролата: Аргентински фудбалер нападна шпански репрезентативец

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања