Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Истрага и притвор за криумчарење на 18 мигранти меѓу кои и четири деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

migranti_kola

Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Криумчарење мигранти од член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, македонски државјанин.

Осомничениот прифатил и превезувал 18 илегални мигранти меѓу кои четири деца во патничко моторно возило марка „CHRYSLER“. На патниот правец Велес – Скопје, во непосредна близина на мостот на реката Пчиња, осомничениот на светлосните и звучни сигнали од страна на полициски службеници, не го запрел возилото, туку продолжил да се движи кон наплатната рампа Петровец со голема брзина. Во еден момент пред рампата полукружно го свртел возилото и се упатил во правец на с.Петровец, а од таму движејќи се по регионалниот пат кон с.Катланово. Пред влезот во селото, на надвозникот удрил во патничко моторно возило што се доаѓало од спротивната насока и предизвикал сообраќајна незгода. Од страна на полициските службеници осомничениот е лишен од слобода, а во возилото биле затекнати мигрантите.

— реклама —

Поради постоење на реална опасност доколку се брани од слобода осомничениот да се крие или да побегне за да ја избегне кривичната одговорност, како и стравот дека ќе ја попречува истрагата односно ќе биде во можност да влијае врз сведоците, а воедно имајќи го предвид фактот дека е специјален повратник и извршител на други кривични дела, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања