Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Истрага против 20-годишен Скопјанец заради недозволено држење пушкомитралез

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
puska

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело - Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

— реклама —
— реклама —

Имено, при извршен претрес во домот на осомничениот од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, кај лицето бил пронајден еден пушкомитралез „Degtyarev Type 56 RPD“ со калибар 7,62X39 мм од кинеско производство. Станува збор за оружје наменето за испалување муниција поставена во реденик, со автоматски режим, односно оружје кое им е забрането на граѓаните и за кое извршената анализа покажала дека исправно функционира.

— реклама —

Со оглед на околностите кои го оправдуваат стравот од опасност за бегство, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот со Решение му определи притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања