Промени тема
Контакт

Истрага против дилер на марихуана во Прилеп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
marihuana2

По поднесена кривична пријава од страна на МВР – ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен прилепчанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот, на 17 март неовластено заради продажба држел 191,21 грама наркотична дрога – марихуана. Тој бил затекнат од полициски службеници при обид да продаде помало количество марихуана на друго лице, при што се дал во бегство, фрлајќи ја зад себе ќесата со дрога.

— реклама —
— реклама —

Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, ценејќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања