Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Истрага против директорот Рустеми и раководителот Саити за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-librarymmabq3v150mj0Q0lZiu

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради сомненија за сторено кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

-Осомничените, од кои едниот в.д. директор, а другиот управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање безопасен отпад на подрачјето на Град Скопје, како и на обврските предвидени во Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и на Оперативниот план за одржување на јавната чистота во Градот. Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести, наведува ОЈО во соопштението.

— реклама —
— реклама —

Ваквите сомненија, како што информираат, се утврдени и констатирани со вонредните инспекциски надзори од овластените локални инспектори за животна средина кои излегоа на терен по насоки на јавното обвинителство, како и со експертско мислење за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење заразни заболувања од ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ.

Поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj9hkmj2bghll5OcOuIK

Заменети околу 200 контејнери, отстранети 880 кубни метри отпад од скопските улици

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library9ttm9lvlhg9h7RcNnTy

Пристигнаа новите возила за комунална хигиена, најавени и 3.300 контејнери

Скопје | пред 1 месец

media-library9cvub77u07579Uq8ukF

675 кубни метри отпад отстранети од диви депонии низ Скопје

Скопје | пред 2 месеци

media-librarykqs3urdbnug1dF2vSeQ

Комунална хигиена започна со миење на скопските улици и булевари

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања