Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Истрага против едно лице за пронајдено оружје и муниција во Арачиново

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.

Во својот дом во Арачиново осомничениот држел огнено оружје и муниција – еден полуавтоматски пиштол “Smith&Wesson” MOD 6906 со калибар 9мм Para, еден полуавтоматски пиштол “Walther” P99 со две рамки, како и 41 куршум со калибар 9мм Para. Оружјето и муницијата биле пронајдени и одземени при претрес во неговиот дом..

— реклама —

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ги сокрие трагите од кривичното дело или да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и опасност тој да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

— реклама —

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања