„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Истрага против скопјанец кај кого беше пронајдена дрога и психотропни супстанции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
marihuana2

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот на 25 април бил пресретнат од овластени полициски службеници во село Трубарево и притоа кај него било пронајдено поголемо количество наркотична дрога и психотропни супстанции. Имено, полициските службеници од осомничениот одзеле 110 цели и 14 ситни парчиња розеви таблети, 1763 сиви таблети, сива прашкаста материја со нето маса од 5,34 грама и сива кристална материја со нето маса од 4,59 грама, кои по состав се 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA),  стимуланс на централниот нервен систем класифициран во Националната листа на контролирани психотропни супстанции. Освен ова, кај него биле пронајдени 74 грама кокаин, како и 758 грама марихуана и една дигитална вага со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице,  поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања