Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Истрага против скопјанец во чиј дом беше пронајдена марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
droga-prodazba

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден 27-годишен скопјанец, осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прокуроси од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот, на 14 декември во својот дом во Влае, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана и ја чувал заради натамошна продажба.

При претрес на домот и други простории, овластени службени лица пронашле две тегли со наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 28,66 грама и две дигитални ваги со остатоци од психотропни супстанции кои влегуваат во состав на растението Cannabis.

— реклама —

Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор.

фото:Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања