Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Истрага против жител на Арачиново заради недозволено поседување оружје и муниција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
oruzje

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот 21-годишен жител на Арачиново, во својот автомобил Ауди 4 неовластено држел оружје и муниција – полуавтоматски пиштол Токарев ТТ-33 со калибар 7,62Х25 мм, како и пет куршуми од тој калибар. Оружјето било пронајдено на 8 септември, кога овластени полициски службеници го пресретнале осомничениот на клучката Арачиново во правец кон населба Ченто.

— реклама —

Со цел обезбедување присуство на осомничениот во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска осомничениот да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања