Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Истрага за 30 годишен Скопјанец поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

— реклама —
— реклама —
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, 30-годишниот осомничен, на 7 август во домот во кој престојувал на ул. „Киро Крстевски-Платник“ во Скопје, неовластено држел наркотична дрога – марихуана во две полиетиленски кесички со вкупна нето маса од 52,48 грама, зипер кесичка со искршени и соголени гранчиња од растението канабис со вкупна нето маса од 9,34 грама, 13 семки канабис, како и четири парчиња од искршена таблета „Бупренорфин“. При претресот, од страна на овластени службени лица била одземена и една дигитална вага.

— реклама —
— реклама —

Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои упатуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања