Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Истрага за две лица кај кои беше пронајден кокаин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело - Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

Осомничените, албанските државјани на возраст од 21 и 43 години, на  25.07.2019 околу 22.40 часот на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, во близина на „Ростушко анче“,  во нивното возило „Фолксфаген туарег“ со албански регистарски ознаки превезувале 25 грама наркотична дрога кокаин. Дрогата била пронајдена при претрес од страна на полициски слижбеници, по што лицата биле задржани во полициска станица и за нив по документирање на случајот   поднесена е кривична пријава во Основното јавно обвинителство Гостивар.

— реклама —
— реклама —

Со цел обезбедување на  натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања