Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Истрага за пронајдено оружје и муниција во Марино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

puski

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во својот дом во село Марино, неовластено држел полуавтоматски пиштол со калибар од 7,65мм со два шаржери, десет куршуми со калибар 7,65мм, ловна пушка со калибар 12мм, полуавтоматски пиштол со калибар 7,62Х25мм, 18 куршуми муниција за тој пиштол, 89 ловни патрони, како и пневматска пушка без ознака и број и од неутврдено потекло. Оружјето и муницијата биле пронајдени вчера при претрес на домот на осомничениот.

— реклама —

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Притоа, јавниот обвинител ценеше дека постојат околности кои што укажуваат дека постои опасност лицето да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања