Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Истрага за разбојништво во казино во Кочани, осомничениот фатен на граница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pretepan

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот на 22 декември, во казино на улицата „Маршал Тито“ во Кочани, употребил сила врз двајца вработени и одзел пари во вкупен износ од 76.400 денари со намера противправно да ги присвои.

— реклама —

Имено, кога вработена во казиното од апарат за игри на среќа извадила кутија со пари, односно таканаречен „стакер“, осомничениот и пришол, со сила почнал да ја турка и да ја влече кутијата. При обидот да и ја одземе кутијата и нанел и телесни повреди на рацете. Друг вработен се обидел да ја заштити оштетената, но осомничениот и него започнал да го удира, турка и влече. Откако ја одзел кутијата во која имало пари во различни апоени, осомничениот излегол од казиното и побегнал, упатувајќи се кон граничниот премин со Република Бугарија кај Делчево со намера да ја напушти државата. Притоа, бил забележан и лишен од слобода од страна на полициските службеници на граничниот премин.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител ги ценеше сите околности во предметот, особено опасноста од бегство на која упатува однесувањето на осомничениот веднаш по настанот и фактот што тој од 2009 година имал пријавено престојувалиште во Италија каде живее негов близок роднина и каде имал намера да замине со неговото семејство. Освен ова, обвинителот оцени дека постои опасност осомничениот да влијае врз сведоците во кривичната постапка, па до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања