„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Истрага за речиси 100 килограми марихуана пронајдени во автомобил на автопатот Скопје – Велес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
2-2

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Блаце осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничените, на 15 декември, на автопатот Скопје-Велес, неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога – марихуана во количина од 99,95 килограми. Дрогата била сместена во девет црни најлонски вреќи во багажникот и на задните седишта од патнички автомобил БМВ. Овластени полициски службеници ги сопреле на наплатна станица при што ја пронашле и ја одзеле марихуаната.

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз соизвршители заради попречување на истражната постапка и опасност да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување на мерката притвор против тројцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања