Истрага за скопјанецот кој престигнувал на полна линија, удрил во мопед и избегал, а едно лице почина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и за – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода по член 301 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 2 април, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, осомничениот управувал автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, без притоа да поседува возачка дозвола. Движејќи се по улицата „Скупи“, кога дошол пред пунктот на ЈП „Водовод-Пумпи“, во обид да изврши престигнување, преминал преку полна надолжна линија на коловозната лента наменета за движење на возилата од спротивната насока. На овој начин тој го попречил нормалното движење на возилото што доаѓало од спротивната насока – мопед „Пежо“ со скопски регистарски ознаки. Со предниот дел од автомобилот осомничениот удрил во мопедот на кој се превезувале две лица.

— реклама —

По несреќата, без да укаже помош на оштетените кои останале да лежат на коловозот, осомничениот го напуштил местото на настанот. Во несреќата, лицето кое управувало со мопедот се здобило со тешки телесни повреди, додека сопатникот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди на кои подоцна им подлегнал и починал.

— реклама —

Бидејќи постојат околности кои што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна потапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Како значајна околност во предлогот за притвор јавниот обвинител го наведе фактот дека непосредно по сообраќајната несреќа осомничениот избегал без да се обиде да им укаже помош на настраданите, што е очигледен доказ за неговото избегнување да се соочи со последиците од преземените противправни дејствија.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања