Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Истрага за загадување и угинување на жив свет во Дебарско езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
debarsko1

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека на 20 март до надлежниот инспектор во Гостивар била доставена информација од полицијата за излевање на темна супстанца во Дебарско Езеро, која предизвика угинување на жив свет во езерските води.

— реклама —

Со цел навремено обезбедување доказен материјал, Инспекторот дал насоки на полицијата за правилно земање на мостри од Езерото и од соодветни локации долж канализациската мрежа. Мострирањето, односно земањето примероци, било спроведено во текот на денот.

– На 22 март Инспекторот беше на терен со началникот на Одделението за внатрешни работи во Дебар, го подготвија и го предадоа предметот до Основното јавно обвинителство во Дебар, соопшти ДИЖС.

— реклама —

Оттаму информираат дека Јавното обвинителство итно ќе издаде налог за анализа на земените мостри од страна на акредитирана лабораторија, што ќе овозможи откривање на сторителот, односно изворот на загадувањето.

За делото опишано во Кривичниот законик во член 218 „загадување на животната средина и природата“, предвидена е казна затвор во траење од четири до десет години или парична казна.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања