Истрагата за случајот “Моќник”, во кој еден од осомничените е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, е завршена, дознава “Фокус” од извори во Обвинителството. Ова значи дека наскоро ќе биде поднесен и обвинителен акт, кој доколку биде позитивно оценет, ќе следува и судски процес.
Истрагата за овој случај ја отвори СЈО, а од неодамна републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката Фатиме Фетаи да го доврши предметот. Засега е непознато дали обвинение ќе биде поднесено за сите 13 лица кои на стартот беа осомничени, а меѓу кои беа и пратеникот Милошоски и неговиот татко.
Според информациите кои СЈО ги објавуаше јавно, под влијание на Милошоски, кој го опишуваа како моќен пратеник, багателно се распродавал имотот на државата и општински имот, на негови блиски луѓе, а преку измама на советниците во општината, објави Фокус.мк.
Текстот во целост на: Фокус.мк