„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Истрагата за „Рекет“ ќе се прошири, има нови осомничени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
boki-13

Истрагата за предметот „Рекет“ мрдна од мртва точка откако обвинителите се вратија од одмор. Деновиве е раздвижено во Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое го води обвинителката, Вилма Русковска. До сега исказ дадоа обвинителките Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, а денеска сведочи и обвинителот, Бурим Рустеми, објави „Фокус“

— реклама —

Рустеми го води предметот „Поштенска банка“, за кој исто така постојат сомневања дека е користен за да се изнуди рекет од осомничени во предметот. Со неговиот исказ и со исказот на Стефанова, Обвинителството на Русковска ги комплетира доказите кои ги има против инволвирани во аферата. Меѓу нив се споменува и името на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Дали Јанева ќе добие статус на осомничена, се уште не се знае, но од Обвинителството потврдуваат дека истрагата ќе биде проширена на нови лица.

— реклама —

-Веројатно ќе се прошири, но спрема колку лица во овој момент не може да се каже, неопходно е да се направи сумблимат на изведените докази и оние што следните денови ќе бидат изведени – велат од Обвинителство за „Фокус“.

Текстот во целост на: „Фокус“ 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања