Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Истражување: Ако богаташ има срцев удар, брзата помош доаѓа побрзо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
brza-pomos

Во случај на срцев удар секоја секунда е важна, што значи дека доцнењето на брзата помош може да биде фатално. Подолгото чекање на брзата помош во руралните средини е познат проблем во Америка, но и во други земји во светот, покажува едно истражување спроведено од страна на научници од Универзитетот во Сан Франциско.

— реклама —

Студија што била спроведена минатата година покажала дека пациентите кои живеат надвор од поголемите градови чекаат подолго таква помош. Но, новата студија во целиот проблем додава уште еден факт – богатството, односно сиромаштијата.

Научниците од Универзитетот ги испитале реакциите на вработените во брзата помош во 63 000 случаи на повици поради срцев удар. Поединечно мереле колку време  му требало на возилото на брзата помош од моментот на повикот да стигне до локацијата на пациентот, како и времето од пристигнувањето до заминувањето од локацијата, време кое поминало од моментот на напуштањето на локацијата до болницата, како и на крајот вкупното време потребно за дејствување на итната помош. Резултатите биле вчудовидувачки.

— реклама —

Како што се наведува, на диспечерите им требале четири минути повеќе за реакција на повик од сиромашните населени места во однос на оние богатите, а вкупно на брзата помош ѝ требало на 10 проценти повеќе време за излегување на терен во случај на повик поради срцев удар во сиромашните населби.

„Како општество можеби веруваме и се надеваме дека јавните служби, како брзата помош, се еднакво достапни, но нашите резултати покажуваат дека тоа не е случај, дури ни во потенцијално фатални ситуации како застои на срце“, изјавила докаторка во брзата помош и професорка на УЦСФ, Рене Ксиа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања