„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Итно да се донесе закон за попис и да се спроведи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
popis

— реклама —

Пописот е потребен затоа што е поврзан, пред се, со некои проблеми кои што се однесуваат на економскиот развој и растежот и нас ни требаат економски индикатори за демографскиот развој во Македонија, за социо-економските состојби, за сиромаштијата, како да се алоцираат средствата и да се инвестираат, кои региони имаат проблеми, миграциските трендови и многу други значајни проблеми, истакна професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Јасна Бачовска Недиќ на работилницата со новинарите во Струмица поврзана со пописот на населението.

Таа смета дека новинарите и академската заедница мора да вршат притисок на релевантните институции пописот под итно и што побрзо да се одржи.

— реклама —

Последниот попис во државата е спроведен во 2002 година и оттогаш нема здрава статистичка база на податоци врз основа на која ќе може аргументирано да се зборува за проблемите.

Инаку законот за попис сеуште не е донесен во собранието. Првично тој требаше да се реализира од 1 до 21 арприл идната година, но заради преедвремените парламентарни избори тие се најавуваат идната есен или пак во пролет 2021 година.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања