Промени тема
Контакт

Итно е потребен ребаланс и власта да ги прифати мерките за да се неутрализира високата инфлација, вели Кадиевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
maja-vojnovic-kadievska-696x463-1

Државата мора да се прилагоди на новонастаната ситуација, веќе сме влезени во стагфлација, тоа е состојба на стагнација на економија и инфлација. Власта требаше да го има предвидено порастот на цените, како и досега требаше стоковите резерви да бидат наполнети и пуштени во употреба за да се спречат ценовните шокови, изјави за „Тема на денот“ во дневникот на Сител, Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа појасни дека и пред новонастаната ситуација со Украина, имавме високи цени, раст на храната на светските берзи на пример пченицата од април 2020 година до декември 2021 е за 80% порасната цената и затоа досега власта требаше да работи на стоковите резерви.

— реклама —

- Меѓу првите алармирав за стоковите резерви заради тоа што ја видов стратегијата на Агенција за стокови резерви во којашто јасно е наведено дека за 2022 треба одредени количини на пченица, јачмен, масло да се набават, јас гледав во јавни набавки и нема јавни набавки, а челниците велат дека има, вели таа.

— реклама —

Кадиевска Војновиќ истакна дека итно на државата и е потребен и ребаланс бидејќи за два месеци имаме 120 милиони буџетски дефицит, а тоа е 30% од тоа што сме го планирале годинава и додаде дека власта треба да ги прифати предложените мерки на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Парите за справување со енергетската криза се истрошени, треба да се предвидат нови, не очекува неизвесна иднина, а треба подолгорочно да размислуваме. Ние денеска истакнавме мерки во даночната политика за да се неутрализира оваа висока инфлација, ослободување на ДДВ кај храна, топлинска енергија, останување на онаа повластена стапка 5% за електрична енергија, намалување на акцизи на нафтени деривати, сето тоа ќе има фискални импликации. Потребни се средства во буџетот да се предвидат и досега требаше да ги имаат овие работи, рече Кадиевска Војновиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања