Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Итно известување во Дубаи: Властите предупредуваат на потенцијална ракетна закана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryic350l0emo3fcoupbO6
unsplash

Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати издаде предупредување за потенцијална ракетна закана и ги повика граѓаните да побараат засолниште.

— реклама —

„Поради моменталната ситуација и потенцијалните ракетни закани, веднаш побарајте безбедно место во најблиската обезбедена зграда, држете се подалеку од прозорци, врати и отворени простори. Почекајте дополнителни инструкции“, се наведува во известувањето испратено до граѓаните на Дубаи преку СМС-порака, објавува „Галф њуз“.

— реклама —

Порано денес, Обединетите Арапски Емирати го обвинија Иран дека користел дронови за напад врз празен танкер за сурова нафта, во сопственост на државната нафтена компанија Абу Даби, додека се обидувал да помине низ Ормускиот теснец.

— реклама —

Единицата за логистика на морска енергија на Националната нафтена компанија Абу Даби (ADNOC) објави дека танкерот со име „Барака“ бил празен кога бил нападнат од два дрона и дека нема повредени, објавува Ројтерс.

Иран ги блокирал повеќето неирански бродови да влегуваат и излегуваат од Персискиот Залив откако САД и Израел почнаа да го напаѓаат. Техеран се закани дека ќе нападне неовластени бродови додека минуваат низ теснецот, низ кој се транспортираат околу една петтина од светските пратки со нафта и гас, потсетува агенцијата, пренесува Танјуг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања