Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи ставени на единствениот пазар на ЕУ издаде предупредување за неисправност на два производи и нивно итно повлекување од продажба поради хемиски ризик.
Се работи за две серии лажни/фалсификувани Pop Mart играчки – Labubu и Monster.
Првиот производ
Производ: Плишана играчка
Назив: LABUBU – THE MONSTERS
Бренд: POP MART
Фалсификат: Да (лажен производ)
Тип/Број на модел: THE MONSTERS
Земја на потекло: НР Кина
Опис на ризик: Пластичниот материјал на производот содржи прекумерна концентрација на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) (измерена вредност: 16,55% по тежина). Овој фталат може да му наштети на здравјето предизвикувајќи можни оштетувања на репродуктивниот систем.
Вториот производ
Производ: Плишана играчка
Назив: THE MONSTERS COCA-COLA SERIES – Vinyl Face Blind Box
Бренд: Pop Mart (ФАЛСИФИКАТ)
Број на серија: 410006-2P1
Фалсификат: Да
Тип/Број на модел: 12403190065
Баркод: 6931571047290
Опис на производот: Бела плишана играчка, направена од пластика и филц, со црвена капа и шишенце што потсетува на „Coca-Cola“, со пластично лице, раце и нозе.
Земја на потекло: НР Кина
Вид на ризик: Хемиски
Опис на ризик: Пластичниот материјал на производот содржи прекумерна концентрација на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) (измерени вредности до 34,7% по тежина). Овие фталати можат да му наштетат на здравјето на децата, предизвикувајќи можни оштетувања на нивниот репродуктивен систем.