Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

IV Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Утре 29 јуни (сабота) 2019 година ќе се одржи IV-та Поетска манифестација„Охридски поетски бисер“ во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј со почеток во 13 часот. Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто. Од над стотина пристигнати поетски творби жири-комисијата одлучи на манифестацијата да настапат 70-тина поети од Македонија и странство.

Организатори на фестивалот се Мирко Томовски, Митре Мангоски Радождански, Перчо Божиновски, Трифун Ѓорѓиоски и Наум Трајчески.

На манифестацијата ќе бидат доделени следните награди:

- Прва награда за најубава песна

- Втора награда

— реклама —

- Трета награда

- Награда за најдобар млад автор

- Награда за најдобар странски автор

— реклама —

- Награда за најдобра интерпретација на песна и

- Награда за животно дело.

— реклама —

За победникот (прва награда) Организациониот одбор обезбедува викенд за двајца во Охрид.

За учесниците обезбеден е превоз од Автобуската станица до манастирот во 12 часот и повторно враќање назад по завршувањето. За сите учесници и гости организаторот обезбедува коктел со закуска во манастирскиот комплекс.

Спонзор на наградите е познатиот бренд на Охридски бисер, г-дин Климент Талев, а покровител на поетската манифестација е општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања