Успешно идание на IV Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ која се одржа викендов во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј.
Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто. Од над стотина пристигнати поетски творби жири-комисијата одлучи на манифестацијата да настапат 70-тина поети од Македонија и странство.

На манифестацијата беа доделени следните награди:
1 место најубава песна - „Загубена“ од Јован Миноски
2 место „Фенерот на татко ми“ од Гордана Бохулски-Кароловска
3 место „Само ние не знаеме“ од Блажо П. Стојаноски

Најдобар млад автор - Ана Томоска и Исидора Костовска , Најдобар странски автор - Татјана Томиќ, Најдобра интерпретација на песна - Мери Арсовска со „Молитва“,Награда за животно дело - Анастас Ќушкоски
Покрај доделените награди на добитниците, за победникот (прва награда) е обезбеден викенд за двајца во „Апартмани Ристак“ - Охрид.
За сите учесници и гости организаторот обезбеди коктел со закуска во манастирскиот комплекс.

Организатори на фестивалот се Мирко Томовски, Митре Мангоски Радождански, Перчо Божиновски, Трифун Ѓорѓиоски и Наум Трајчески.
Спонзор на наградите е познатиот бренд на Охридски бисер, Климент Талев, а покровител на поетската манифестација е општина Охрид.
